Македонска и бугарска делегација со заеднички активности во Рим ќе го слават делото на сесловенските просветители и ќе чествуваат за браќата Св. Кирил и Методиј.
Со нововостановената традиција и според утврдената програма, утре во Рим, делегациите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија ќе положат цвеќе пред плочата на Република Северна Македонија во чест на Св. Кирил во Базиликата Санта Марија Маџоре, а потоа ќе учествуваат на миса во црквата „Св. Павел ала Регола“.

Македонската делегација во вечерните часови ќе присуствува на прием во бугарската резиденција во Рим, а потоа сите гости ќе проследат културно уметничка програма организирана од македонското Министерство за култура, на која ќе настапат музичките уметници Весна Гиновска Илкова и Дино Имери. Државната делегација на Република Северна Македонија во Рим ја предводи претседателот на Собранието Талат Џафери.











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)




















