Без изговори: Кога некој јасно ви покажува дека не сте му важни – не сте му важни!

174

Колку и да ни е понекогаш тешко да признаеме, има луѓе кои многу ни значат, но ние не сме им важни на нив. Кога некој ќе ви покаже дека не сте му важни,  не чекајте да ви покаже уште 1000 пати.

Кога некој нема време за вас, за вашиот живот и работите кои ви се важни, верувајте дека не сте и важни на таквата личност. И немојте да се убедувате себеси дека претерувате, затоа што навистина не претерувате. Кога некој не ве слуша, не ви се јавува и ве бара само кога има потреба од вас, вие едноставно не сте им битни. Со тоа што остануваме во отровни пријателства и врски, само се затвораме себеси во маѓепсаниот круг на страдањето. Сѐ додека им дозволувате на луѓето да се однесуваат кон вас како нив им одговара, тие и натаму ќе го прават тоа, сѐ додека вие не кажете ДОСТА.

Кога некој со денови не ви одговара на пораките и повиците, а во моментот кога вие не сте можеле да вратите во истата секунда почнува да ви прави драми, тоа значи дека сте во отровна „врска“ и да, не сте им важни. Не треба да барате оправдувања и изговори за овие луѓе. Тие најверојатно се такви со сите во нивниот живот.

Штета е да им подарувате внимание на таквите луѓе. Тие не ви подаруваат внимание на вас, а за возврат го сакаат вашето внимание. Убаво е човек да помогне некому, убаво е човек да одвои дел од своето време за да посвети внимание, нежност и љубов на луѓето. Но, нема поента да го правите сето ова за луѓе кои не го ценат  тоа и кои прават да се чувствувате лошо.

Во денешно време има многу добри, убави, креативни луѓе и штета е да ги пропуштите тие луѓе само затоа што сте трошеле време на некој кој не ви обрнувал внимание.

Ако некому не сте важни, а уште назгора тоа јасно и го покажува, зошто да бидете дел од нечиј живот кој не ви носи љубов, самоостварување и самодоверба?