Во Охрид како што беше најавено од денеска стартуваше електронската наплата на паркирањето во централното градско подраје, преку смс порака на бројот 144-644 од сите национални оператори на мобилна телефонија.
Корисниците на услугата за паркинг треба да го следат упатството поставено на инфо-таблите на сите улици на кои се врши наплата согласно СМС системот и да се придржуваат кон насоките за користење на паркинг местата. Доколку имаат потреба од појаснување, на располагање им се контролорите како и телефонски број за информации.
Согласно одлуката за ограничување на паркирањето на подрачјето на Општина Охрид утврдени се три зони и тоа А, Б и Б зона, со цена на наплата за паркирање по 30, 20 и 10 денари за час соодветно.
Наплатата за паркирање важи секој ден за периодот од 7:30 до 3.00 часот.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















