Вкусен, здрав и едноставен: Ова е десертот од соништата!

783

Здрав десерт што многу лесно се приготвува

Ако вие сте дел од оние луѓе кои мислат дека оброкот не е целосен без десерт, го пронајдовме рецептот за десерт во чаша што ќе ве воодушеви.

Потребни состојки:
  • 400 милилитри јогурт
  • 4 лажички чиа семки
  • 1 лажичка мед
  • 3 лажички ориз

За преливот

  • 150 грама замрзнато шумско овошје (може и калинка или малина)
  • 1 лажичка мед
Приготвување:
  • Во сад, измешајте ги сите состојки и оставете ги да отстојат една вечер во фрижидер.
  • За преливот од шумско овошје: ставете го шумското овошје во сад и додајте лажичка мед, па внимателно загревајте додека не зоврие. Загревајте додека не добиете прелив со посакуваната густина, а потоа оставете ја смесата да се излади.
  • Во чаша ставете 2-3 лажички чија пудинг.
  • Потоа, додајте 1 лажичка прелив и продолжете да додавате додека не ја наполните чашата.
  • Добар апетит!