Дали новиот поларен бран ќе ги погоди Европа, Северна Америка и Азија како во 2014 година

131

Високо во атмосферата над Северниот пол, температурите што се подготвуваат наскоро можат да го „замрзнат здивот“ на сите во северната хемисфера. Бранот студено време што им се заканува на Северна Америка, Европа и Азија од крајот на јануари е со истата временска шема како и оној што се случи во 2014 година, познат како „поларен вртлог“.

Тогаш температурите во Чикаго паднаа на минус 27 степени Целзиусови, наведува Блумберг.

Вообичаено е ладниот воздух да доаѓа од Арктикот во текот на зимата. Но, студот претежно остана околу Северниот пол во сезоната 2019-2020.

Сега, по скоро двегодишно затишје, зимата се заканува конечно да се врати.

Работите се поставени така што ќе има возбудлив период за зима и снег“, вели Тод Крафорд, водечки метеоролог на IBM компанијата Weather Co.

Синоптичарите не очекуваат студот да биде брутален како во 2014 година, но зимата несомнено ќе се врати.

Студот веќе достигна до Западна Европа и Кина, поради што скокнаа цените на гасот во Шпанија и на течниот природен гас во Азија.

Во Париз, температурата е за 3,5 степени пониска од нормалната, а во Мадрид е за 6,9 степени постудена од вообичаеното, додека температурите во Пекинг паднаа на рекордно ниско ниво, па затоа во четвртокот беше минус 9 степени – вели Тајлер Ројс, метеоролог на „АкВедер“.

Студот од пред седум години ги принуди клиентите да останат на топло. Сепак, снежна бура исто така би ги уништила услугите за испорака.

Технички, поларниот вртлог се однесува на ветровите што кружат околу Арктикот и го одржуваат студот „заклучен“ далеку на север. Но, со врв на температурата, познато како нагло стратосферско затоплување, студениот воздух може да го пробие „прстенот“ и да се упати кон југ. Трговците со гас го нарекуваат ова „поларна свиња“.

Ова може да значи студ насекаде во северната хемисфера, иако оваа година најверојатно ќе остане само во САД, смета Рајан Тручел, претседател на Weather Tiger LCC.

Бран на сериозни минусни температури може да го зафатат источниот брег на САД и Големите езера.

Тоа ќе биде голема промена за Америка кога станува збор за температурата. Во Њујорк, мерењата во јануари покажуваат дека температурите се 5,1 степени повисоки од вообичаеното, а Чикаго бил потопол за 7,2 степени.

Сепак, како што наведуваат самите метеоролози, нема гаранција дека навистина ќе се случи такво студено време.

„Многупати во минатото, прогнозата за студеното време се покажа како лажна тревога“, вели Џим Роулер, водечки метеоролог во „Енерџи Време“.