Каков бизнис да започнам во Македонија кога ќе се вратам од Америка?

458

Во каков бизнис е најдобро да се инвестира, кога ќе се вратиш дома на Балканот, Србија, Македонија, Босна, Хрватска?

Се повеќе млади решаваат да го напуштат  Балканот и да избегаат во ветените земји, дел во не толку посакуваната Европа, дел во толку посакуваната Америка.

Но, што кога таму ќе го достигнат врвот на кариерата, посакуваната сума во банка која им гарантира финансиска иднина и финансиска стабилност? Многумина размислуваат да се вратат во татковината и отворат бизнис. А една девојка од Босна, го постави ова прашање на твитер.

Идеите се редеа од аптека до обложувалница (оние кои во текот на пандемијата најмногу заработуваат), а имало и такви кои оваа девојка од Босна ја убедуваат никако да не се враќа во својата земја.

Иако сме навикнати луѓето од овие простори со децении наназад да ги напуштаат своите домови за да ја пронајдат својата лична и професионална среќа, има и такви, кои би сакале да се вратат.

Мотивите на луѓето за заминување, останување или враќање, се секако различни, иако најчеста причина за враќање е носталгијата, а освен тоа, неможноста да се вклопат во општеството. Неповрзано со тоа, некој добро се вклопуваат, но сепак доаѓаат моменти кога повторно сакаат промена.

Една корисничка на твитер, одлучила после одредено време поминато во САД, да се врати во својата земја – Босна и Херцеговина.

Таа, имено, на оваа социјална мрежа постави прашање до своите следачи: Каков бизнис е најдобро да започнам при враќање во татковината? Следеа различни коментари, а ги имало и оние кои оваа твитерџика ја инспирираа да напише уште два твита.

“Јој луѓе, дајте некоја идеја ако имате, а не совети да не се враќам” е еден твит, а другиот: “Можеме да се вратиме во САД кога и да посакаме, така што не ни требаат совети да не се враќаме, бидејќи сакаме да се обидеме”.

Освен што многу корисници на Твитер ја убедувале да не се враќа во татковината, имало и такви кои имале предлози за започнување на нов бизнис, и вртење на нова страница во животот.

Стан на ден или авто-перална, старечки дом, продавница/пекара, обложувалница, аптека, погребално друштво, продавница за пијалоци, советодавна агенција за иселување.

Секако, имаше и доста саркастични коментари, а една корисничка напиша дека тоа е “прашање за милион долари”, кога се работи за започнување на бизнис во БиХ. Имало и такви кои напишаа дека “најдобрата работа која може да ја направи – е да не се врати во татковината”. Твитерџиите препорачуваа и отворање на салони за убавина, како и фирма за програмирање.

Една девојка, дефинитивно ја предложи најдобрата идеја, за пар кој се вратил од САД.

“Маж и жена се вратија од САД во Белград, отворија ресторан, купуваат за ресторанот само домашни екстра квалитетни производи (сирење, јајца, локум), поради квалитетот кои го имаат одлично работат, а и допринесуваат за својот народ поради купувањето на домашни производи”.