Почитувани хумани луѓе од цела Македонија, за жал ви се обраќам од името на една предобра и вредна жена која ете ја допре и тоа како тешко ја погоди оваа ситуација со корона вирус. Буквално цело семејство заболија од истиот.
Од најмали до најголеми.
12 годишниот Филип во клининиката Козле после долго боледување сега е подобар, фала на Господ и е дома. Но, неговиот татко Гоце сеуште се бори. Сместен е долг период во болница Систина, состојбата сеуште е многу лоша и се бори на респиратори.
Поради тоа што не е во стабилна состојба не може да се премести на клиника. Еден ден ги чини 1700евра, а сега и со нова терапија која чини 500евра на ден семејството влезе во многу тешка здравствена состојба, но за жал и тешка финансиска ситуација.
Гоце во целава ковид пандемија иташе храбро и брзо за да спаси човечки живот како шофер на Брза Помош во Прилеп. Тоа е човек кој со своите 43 години е и пожртвуван родител, но и човек кој си ја сака Македонија во сите нејзини убавини.
Ајде хумани луѓе да помогнеме сите да бидат и понатаму заедно и среќно семејство. Наредните денови ќе бидат отворени и телефонски линии за донации, но затоа што секој денар им е и тоа како значаен ви ја пишувам жиро сметката на Daniela Ilieska неговата сопруга каде секој добронамерен човек ќе може да донира во рамките на своите можности.
Ж- ска Стопанска Банка Скопје 200003328588457
Даниела Илеска Прилеп.
Гоце, Даниела, Филип и Сара ќе ви бидат од срце благодарни на вашата хуманост и човечност во борбата за нивниот татко и сопруг. 









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











