Отец Пимен: Ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не му била намерата да влезе во Собранието

807

„Еден ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не било намерата да се влезе во Собранието”, рече отец Пимен, кој денеска беше сведок предложен од обвинетиот Богдан Илиевски на судењето за крвавиот четврток.

Во сведочењето отецот Пимен кажа дека со Богдан се запознал на социјалните мрежи, станале пријатели и бил негов духовен водич.

,,Учеството на протестите го правеле без никаков паричен надоместок и без намера за напредок во кариерата. Богдан на 28 април, еден ден по настаните, ми рече дека треба да се врати угледот на ‘За заедничка Македонија’”, сведочеше отецот Пимен.

Сведокот пред судот кажа дека обвинетиот Богдан Илиевски на протестите го смирувал народот и го чистел ѓубрето по протестите од улиците.

Илиевски предложи 5 сведоци, меѓу кои и Сотир Костов, кој поради болест не дојде на денешното судење, па беше повлечен од листата на сведоци.