раќањето во форма на Макс Верстапен во Канада беше карактеристично за трансформацијата која ја прави Луис Хаилтон, смета поранешниот светски Формула 1 шампион, Нико Розберг. По серија од инциденти на првите трки од сезоната, холанѓанецот пристина во Монтреал под притисок и испорача подиум.
Тој не погреши ништо цел викенд, доминираше на тренинг сесиите, се квалификуваше како 3ти и со рутинска и безгрешна трка заврши на истото место. Нико смета дека испорачувањето на силен резултат под притисок и лутина е карактеристика на неговиот поранешен колега Хами.тон.
„Епски викенд за Верстапен, покажа дел од став како Луис Хамилтон од себе викендов. Кога Луис е лут тогаш е најдобар затоа што знае тоа да го канализира во неверојатни перформанси и мислам дека Макс покажа таква карактеристика викендот, имаше дополнитлен фокус.
Беше прв на сите тренинг сесии, имаше одлични квалификации и заврши на 3то место и сметам дека имаше многу добар викенд за себе.
Луис од своја страна имаше сосема некарактеристичен и лош викенд. Јасно е дека мораше да се трка со стар мотор и да се квалификува со стар мотор. Типично за него е да губи мотив кога работите не се одвиваат како што сака“, објасни Розберг.









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












