Погледнете како изгледаат „хашките“ ќелии каде е сместен Боки 13

350

Хашките соби имаат поголема светлина за разлика од обичните на приземјето и поубави душеци.

Поради безбедносни и здравствени причини притворениот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 е сместен во Хашкото одделение во затворот, потврдуваат од Истражниот затвор во Шутка.Директорот Есад Рахиќ потврди дека Боки 13 и Кичеец се сместени во соодветни ќелии по направена безбедносна проценка.

Обвинителката Вилма Рускоска по распитот рече дека имаат цврсти докази за двајцата осомничени и откри дека постапката била отворени по пријава од сведокот, а не од обвинителката кај која влијаел Боки 13.

Завчера од домот на Јовановски меѓудругото било одзмено и брендирана облека, накит и уметнички слики, а кај Кичеец била пронајдена поголема количина оружје и муниција, за кои ќе се испитува дали ги поседувал легално.

Притворското одделение може да се пофали со „хашките соби“ кои затворот ги изгради по барање на ЕУ за потребите на Судот од Хаг.Собите ги задоволуваат стандардите како на модерен европски затвор, но тие се само неколку.Прегради на тоалетите има во сите ќелии, па и во „хашките“, единствена разлика е што во нив има веце шолја, а во обичните се чучавци.