ФОТО: Охриѓанец со владиниот авион транспортиран во Германија, чека трансплантација на срце

83

Охриѓанец кој чека трансплантација на срце со владиниот авион се транспортира од Берлин, Германија.

Од СОЗР потврдија дека пациентот е со тешка срцева болест и подолго време бил хоспитализиран на Клиниката за кардиохирургија, а бил квалификуван за трансплантација на срце.

Бидејќи неговата здравствена состојба се влошува и бара побрз третман, а во земјава нема соодветен донор за да се изврши трансплантацијата, одобрен е авионскиот превоз на пациентот.

Преку постапка за лекување во странство која се одвива преку ФЗОМ и со помош за Министерството за здравство, пациентот бил упатен во Клиничкиот центар во Берлин од каде е прифатен за третман за стабилизирање на состојбата и подготовка за трансплација, за чие извршување се чека да се појави соодветен донор.

Пред десетина дена со владиниот авион од Бодрум, Турција во Македонија беше транспортирано младо момче кое се здобило со тешка повреда, скршеница на ‘рбетен пршлен по пад од тобоган. Поради сериозноста на повредата момчето не можеше да биде транспортирано со редовен комерцијален лет, ниту со возило.