Кралскиот протокол регулира сѐ: од должина на фустанот, до бојата на панталоните кои мора да ги носаат претставничките на кралското семејство.
Тоа се однесува и на модните додатоци: според правилата на кралското семејство, дијамантите се сметаат за прикладни само навечер. Ова не се однесува на религиозни украси, веренички прстени или бурми.

Како што се испоставило, Кејт Мидлтон и Меган Маркл често го прекршуваат ова правило. Стручното лице за кралски правила вели дека пред 18 часот може да се носи само накит од скапоцени метали, украсени на пример со бисери и сафири.
Интересно е тоа што Меган избира накит со дијаманти многу почесто од Кејт.

Војвотката од Кембриџ сака мали обетки со дијамант, смарагд или сафир, а често ги носи во попладневните часови.