Прво јавно појавување на Северина по најновата афера – Фото

321

По објавувањето на најновата серија фотографии, поп-пејачката Северина Којиќ пет дена не се појавуваше во јавност, ниту, пак, се огласуваше на социјалните мрежи. Сепак, во текот на вчерашниот ден му го честита роденденот на својот свекор Драган Којиќ Кеба преку заедничка фотографија и порака што ги објави на својот инстаграм-профил.

Под фотографијата Северина напиша една навистина емотивна порака: „Свекору мој среќен ти роденден, те сакам до небото и назад па наоколу, и лево и десно, а најмногу го сакам твоето срце. Ти посакувам се најубаво на светот и ти благодарам што си ми како татко, а на Александар дедо кој го обожава… А тоа мора да е магија, Кеба“

Непосредно по објавувањето на спорните фотографии, пејачката го откажа настапот во Германија, но одлучи вчеравечер да го одржи закажаниот настап во Цирих, каде што ги воодушеви обожавателите. Воедно тоа беше и нејзино прво појавување во јавност по најновиот скандал. Иако многумина помислија дека Северина ќе биде тажна и повредена, или дека ќе го откаже настапот, тоа не се случи. Таа со насмевка на лицето се појави пред публиката, па дури и позираше со сите што сакаа да се сликаат со неа.

Се’ уште не е познато дали нејзиниот сопруг Игор Којиќ ја придружувал на овој настап, но дека се во добри односи покажуваат лајковите што ги постави на нејзините фотографии.

Претходно се пишуваше дека откако фотографиите се распространија со брзина на светлината на Интернет, во домот на пејачката настанала „кризна состојба“. Нејзиниот сопруг Игор Којиќ, тој ден излетал од дома бесен како рис, а се вратил дури по неколку часа, по што ги спакувал куферите и заминал на пат со својот татко, фолк-пејачот Драган Којиќ-Кеба.

Од друга страна, менаџерот и близок пријател на Северина, Томислав Петровиќ, веднаш дошол во домот на пејачката и цело време бил покрај неа, пренесува порталот 24 sata.hr.

loading...