По 2 години поминати во NBA, двократниот Евролигашки шампион се враќа на стариот континент.
Василије Мицич потпишува за Хапоел Тел Авив. Tимот од Израел штотуку во своите редови го доведе својот најсилен адут за борба во Евролигата, во престојната сезона. Српски репрезентативец ќе потпише богат договор. Неофицијално се работи за тригодишен договор вреден 18 милиони долари. Во последните две сезони одигра вкупно 100 натпревари во најсилната кошаркарска лига. Најпрво настапуваше за Оклахома Сити Тандер а потоа и за Шарлот Хорнетс и Феникс Санс.
“Возбуден сум за новата можност. Верувам во проектот на тимот кој со големи амбиции ќе го стартува следното првенство. По разговорот со тренерот Димитрис (Итудис) можам со леснотија да кажам дека едвај чекам да заиграм за него. Напред Хапоел!” – изјави Мицич веднаш по објавувањето за негов ангажман на официјалната страна на тимот.

Популарниот “Васа” претходно настапуваше за Анадолу Ефес со кој во два наврати стана европски шампион, во 2021 и 2022 година. Вкупно има одиграно 229 евролигашки натпревари а освен дресот на клубот од Истанбул со успех настапуваше и за Црвена Ѕвезда, Бајерн Минхен и Жалгирис од Каунас. Ова е трето засилување за новиот “Евролигаш” откако претходно потшишаа двајца искусни Американски интернационалци. Станува збор за бекот Тајлер Енис и крилото Елајџа Брајант.
Димитар Младеновски





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













