Осомничениот за убиството на две тинејџерки во Романија, Георге Динка ги призна злосторствата, соопшти неговиот адвокат.Динка (65) првично одбивал да одговора на било какви прашања, но на крајот ги признал убиствата на Александра, која исчезнала во средата и на 19-годишната Луиза, исчезната од април.
Неговиот адвокат Богдан Александру изјави дека Георге Динка и признал на полицијата дека ги убил двете девојчиња, по што ги запалил нивните тела.
Шефот на романската полиција Јоан Буда беше сменет по обвинувањата дека полицијата пребавно реагирала на телефонските повици на Мачесану дека била грабната. Во четвртокот наутро, девојката успеала трипати да го повика бројот за итни случаи 112 и да ѝ даде информации на полицијата за местото каде што ја држел возачот на автомобилот кој ја грабнал, откако таа стопирала со цел да се врати во Доброславени во јужна Романија.
Полицијата, исто така, барала непотребни налози за претрес и по 19 часа ја пронашле куќата на Динка. Во градината на куќата биле пронајдени човечки остатоци и накит кој ѝ припаѓал на Александра.
Повеќе од илјада Романци во саботата протестираа против владата поради начинот на кој се постапувало во случајот. Семејството тврди дека властите не ги сфатиле сериозно нејзините повици, додека полицијата вели дека имале проблеми да ја најдат.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)


