Низ вековите луѓето знаеле за лековитата моќ на билките и зачините. Зачините можат не само да го подобрат секој вкус на јадењето, туку и да го излечат телото.
Пет видови зачини кои се најкорисни:
Куркума
Овој златен зачин се користи како моќен антиоксиданс поради куркуминот. Истражувањата покажале дека куркумата може да помогне во лекување на низа здравствени проблеми – од благи заболувања до хронични состојби како артритис, болести на срцето и дијабетес.
Покрај тоа се проучува и како потенцијал за лекување на Алцхајмерова болест, канцер на дебело црево, простата и дојка. Мало клиничко испитување потврдило дека куркуминот може да биде безопасен и ефикасен за лекување на депресија.
Ѓумбир
Ѓумбирот е добро познат по својата способност да се избори со мачнините. Истражувањата покажале дека тој може да помогне во ублажување на состојби вклучувајќи и состојба по операција или пак хемотерапија.
Иако сè уште не постојат категорични докази, многу од луѓето го консумираат ѓумбирот против мачнини и болести. Зачинот е богат со гингерол, соединение во борба со воспаленијата за кое некои од научниците сметаат дека може да помогне во лекување на некои видови на канцер, да ја намали болката кај остеоартритис, но и во мускулите.
Лута сушена пиперка
Мала количина на лута сушена пиперка додадете во вашиот оброк и тоа ќе ви помогне побрзо да ослабнете. Исто така таа ќе го забрза вашиот метаболизам и ќе стимулира произведување на материи кои ќе му „кажат“ на мозокот дека вашиот желудник е полн.
Цимет
Американско здружение за срце препорачува употреба на цимет за додавање на слаткост во храната. Некои истражувања покажуваат дека зачинот може да помогне во намалување на шеќерот во крвта кај луѓето со дијабетес тип 2.
Лук
Благодарение на моќните биоактивни соединенија во лукот, докажано е дека истиот е ефикасен против висок крвен притисок. Истражувањата покажале дека лукот може да помогне во спречување на настинка и да го забрза закрепнувањето на телото.