5-те работи кои ве прават вистински магнет во очите на мажите

126

Речиси сите девојки и жени се чувствуваат кога ќе слушнат убави зборови и комплименти од припадниците од посилниот пол, па дури и тоа да е убав гест од случаен минувач или возач на такси возило. А според експертите, токму овие 5 работи ја прават една жена вистински магнет за мажите.

1. Добро одржаната фигура

Се подразбира, сите знаеме дека за ова е потребно здраво да се храниме и редовно да вежбаме, но вистината е дека ретко кој маж може да одолее на жена со добро одржана фигура.

2. Позитивен поглед кон светот и работите околу вас

Мажите едноставно не ги сакаат жените кои постојано се жалат за секојдневните проблеми и ситуации и кои во сите работи ја гледаат само негативната страна.

3. Разнообразност во стилот и облеката

На секој од нас, од време на време му е потребна промена во надворшениот изглед, па така мажите се почесто воодушевени од жените кои знаат добро да носат неколку разни стилови и кои експериментираат со боите и дизајните.

4. Добро негувани нокти

Факт е дека мажите се секогаш волшебно привлечени од негуваната кожа, негуваните нокти и коса, без разлика колку и да се жалат дека дамите поминуваат премногу време во козметичките салони.

5. Независен карактер

Се подразбира секој маж има различен вкус, но на еден или на друг начин внатрешната независност и силниот карактер се еден прекрасен украс на припадничките на понежниот пол.