Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби објави дека ги потпишал решенијата на сите административци кои првично биле вработени со средно образование, а кои во меѓувреме завршиле високо образование при што како што вели, значително се зголемиле нивните плати.
Објавата на Груби е од синоќа, но во неа тој не прецизира за колку луѓе станува збор. Вработувањето во јавната администрација долго време е престиж меѓу многу партиски приврзаници, а работата во државни институции беше полн погодок за многумина кои успеваа да влезат на конкурсите.
„Среднистите“ се вработуваа на ниски позиции, но со текот на времето и со завршувањето на високото образование тие се унапредуваат и добиваат решенија со повисока плата.
Во меѓувреме имаше и такви кои беа вработени по Рамковниот договор а кои не одеа на работа, а добиваа плата. Според пресметките, над осум милиони евра државата издвојува секоја година за оваа „армија“ вработени. Станува збор за над 1.300 административци кои „клатат врата и земаат плата“. Тие во наредниот период ќе добијат две опции за да почнат да работат – доколку не прифатат ниту една, следат откази.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















