38 новозаразени со коронавирус, расте и бројот на жртви!

1135

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-1, Прилеп-4, Велес-9, Битола-1.

Починаа двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај.

Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на ковид-19.

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-4, Штип-4, Тетово-3, Битола-1, Неготино-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.