Подготвени се протоколи за свадби и за ноќните клубови – Комисијата ќе го има конечниот збор

366

Неколкуте протести и блокади дадоа резутат

Предлог-протокол за работа на рестораните за свадби и ноќните клубови ќе биде доставен до Комисијата за заразни болести, при што најголем акцент ќе биде ставен на заштитата на јавното здравје, а потоа и на зачување на секое работно место.

Ова е договорено претпладнево на средбата на претставниците на секторот со вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, која се случува по неколкуте протести, од кои последниот беше минатата недела пред Владата.

Директорот на Испекторатот, Пауновски гарантирал дека нема никаква селективност во постапување на инспекторите, ниту интенција при спроведувањето санкции, за што посочил дека во периодот од речиси една година, од почетокот на пандемијата, за непочитување на протоколите се санкционирани 471 правно лице.

Вицепремиерот Битиќи пак ги посочил мерките од петтиот антикризен пакет – финансиската помош за исплата на плати, бескаматен кредит со грант компонента до 50 отсто, како и одржување на ликвидноста со помош на законот за државна гаранција кој е во собраниска процедура.