Жена со 7 докторати, 5 синови и 2 ќерки: Запознајте ја сопругата на катарскиот емир!

977

И покрај традиционалниот регион, Моза се појавува во јавност со откриено лице, таа е доктор на науки и се занимава со политика

Елеганција, стил и софистицираност имаат друго име, а тоа гласи Шејха Моза бинт Насер. Сопругата на катарскиот емир е една од неговите три жени, која го заслужува целосното внимание на светските медиуми, а еве и зошто.

Нејзиното најважно достигнување се нејзините деца, има пет синови и две ќерки. Таа станала сопруга на катарскиот емир во 1977 година кога имала 18 години. Во тоа време била студен на Универзитетот во Катар, а звањето дипломиран социолог го добила девет години по венчавката.

Моза одлично го применува нејзиното знаење во пракса, активна е во многу организации, како што се Арапските демократски организации, Организациите за образование, наука и развој на заедницата и во разни програми за помош на децата.

Нејзините активности се многу значајни во „Катарската фондација“ со која управува нејзиниот сопруг, кој го изградил „Градот на образованието“ во Доха и ги донел американските факултети во Катар.

Во Газа, Моза ја покренала изградбата на низа образовани институции,а нејзината работа ја довела до тоа да поседува седум почесни докторати. Моза често го придружува сопругот на неговите службени патувања.

Таа го привлекла вниманието на светската јавност со нејзиниот беспрекорен стил, но и ставот што го покажува за време на говорите во водечките политички и општествени институции.

За неа се вели дека е најголемата љубов на шеикот Хамад бин Калифа Ала Танија, а нивниот син Тамим, иако не е првородено дете на катарскиот владетел, е прогласен за престолонаследник и ја носи титулата на сегашен емир.

Дури и „Вог“ пишувале за стилот на првата дама, кои ја сместила во петте најдобро облечени жени во светот. „Венити фер“ ја прогласиле за најдобро облечена дама со сина крв, а според Џулиен Мекдоналд таа е втората Џеки Кенеди.

Моза е една од ретките дами која 365 дена во годината облекуваат парчиња од високата мода, а „Шанел“, „Живанши“ и „Диор“ се нејзините омилени модни куќи.

Нејзиното величество купуваат парчиња што чинат помеѓу 20 и 30 илјади долари, а специјално дизајнираната облека за неа достигнува цена и до 100.000 долари.

Блиски извори тврдат дека во нејзината резиденција се крие вистинско модно богатство.