Светските медиуми пишуваат за новата романса на Канје Вест, за кој тврдат дека веќе извесно време ужива во состаноците со Инстаграм моделот и инфлуенсерка Винетрија.
Оваа млада дама активно се занимава со социјални мрежи, обожува да споделува разголени фотографии и верувале или не – е фан на сестрите Кардашијан.
Како што пишува „Page Six“, 44-годишниот рапер и 22 години помладата манекенка за првпат беа видени заедно во јавноста на кошаркарскиот натпревар во Минеаполис, но медиумот пишува дека тие се гледаат веќе некое време.
Иако може да се пофали со поголем број следбеници – на Инстаграм ја следат над 400.000 луѓе, а на Твитер околу 180.000, младата убавица всушност нема многу фотографии, барем моментално. Имено, таа во последните неколку месеци избришала над 1000 објави, оставајќи само 12 фотографии на Инстаграм.
„Воопшто не сум мистериозна, само се грижам за мојата приватност“, вели инфлуенсерката.
Инаку, овој потег на славниот Канје, односно јавниот состанок со убавата манекенка ја изненади публиката бидејќи тој пред само 7 дена негираше дека се развел од Ким и дури изразил и надеж дека ќе се смират.