Земјотресите кои започнаа од рано утрото не престануваат сеуште. Последниот околу 15 часот и 25 минути беше со јачина од 4.9 степени според Рихтер, со епицентар во мавртовскиот регион на 20 км од Гостивар и со длабочина од 70км.
Овој земјотрес беше почувствуван во повеќе делови од земјата, меѓу кои и Скопје.
Засега штети не се пријавени, освен голема вознемиреност кај граѓаните. Посилните земјотреси посебно ги почувстуваа луѓето кои живеат на повисоките катници, водителот Ване Марковски кој инаку живее во висококатниците на Џеваир на својот фејсбук профил пред малку напиша дека таму се случувала вистинска драма, посебно на 32 кат каде живее и тој.
Познатиот водител објави и видео на кое се забележува лулање на лустерот што кажува дека се работи за посилни потреси, што се и очигледна причина за вознемиреност кај граѓаните, посебно на ваквите повисоки катови.
Евентуални штети граѓаните може да пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195.