Истражување за исхраната на европските жители покажало дека поголем дел од нас во организмот не внесуваат доволно растителни влакна кои помагаат во одржување на ситоста, добар систем за варење и регулирање на нивото на шеќер во крвта.
Карфиолот е богат извор на растителни влакна, а содржи и витамини кои му помагаат на нашиот имунитет во борбата со вируси, згрутчување на крвта и здрави коски.
Покрај тоа, само една шолја карфиол обезбедува повеќе од 75 отсто од препорачаната дневна доза на витамин Ц поради што имунитетот, метаболизмот и нервниот систем ќе бидат како што треба.

Содржи и 20 отсто дневна вредност од витаминот К кој е неопходен за развој на коските и спречување на згрутчување на крвта, а во него има и голема количина на витамин Б6, фолати и калиум.
„Карфиолот е полн и со противвоспалителни соединенија кои му помагаат на телото во намалување на слободните радикали и оксидативен стрес, па така се намалува и ризикот од хронични болести како што се болести на срцето, дијабетес тип 2, канцер“, објаснила д-р Шерон Палмер.
Консумирањето храна богата со антиоксиданти и противвоспалителни агенси како дел од здравата исхрана, како што е карфиолот, може да помогнат во спречување и ублажување на хроничните воспаленија и заштита на вашите клетки.

Една шолја карфиол содржи 45 милиграми холин, што е 10 отсто адекватно од дневниот внес на холин во телото за неколку процеси во организмот, како што се јакнење на мембраната на клетките, синтеза на ДНК, развој на мозокот и одржување на нервниот систем.
Покрај антиоксидативните соединенија, карфиолот може да помогне во намалување на ризикот од канцер, особено канцер на дебело црево, бели дробови, простата и дојка, покажале истражувањата, а за тоа се заслужни глукозинолатите кои помагаат во борбата против оксидативниот стрес предизвикан од слободните радикали.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















