Иако температурата овие денови стигнува и до нулата, факт е дека пролетта нѝ „тропа на врата“, а по долгата зима и обилните оброци, на нашето тело му се потребни нутриенти кои ќе го нахранат организмот и ќе му обезбедат правилно функционирање.
А тука се поставува прашањето: кои витамини е најважно да ги земаме напролет и во кои намирници се наоѓаат истите?
Витамин Ц
Витаминот Ц е неопходен за имунитетот, крвните садови како и за одржување на младешкиот изглед и еластичноста на кожата. Во текот на зимата и почетокот на пролетта обично го нема доволно во исхраната бидејќи сè уште нема сезонско свежо овошје и зеленчук. А во цитрусите го нема во доволна количина бидејќи увезеното овошје се бере кога сè уште не е доволно зрело, па содржи мала количина на аскорбинска киселина.
Освен тоа, во текот на складирањето и транспортот губат значајно количество од витаминот. Затоа најдобар избор на овој витамин се киселата зелка и смрзнатите бобинки.

За да ја задоволите дневната потреба за витамин Ц, доволно е секој ден да јадете 150-200 грама кисела зелка. Оваа намирница исто така содржи пребиотички компоненти како диететски влакна и млечна киселина кои помагаат во оптимално функционирање на цревата и помагаат во зајакнување на имунитетот.
Одличен избор на витамин Ц се и смрзнатите бобинки, како на пример црвените и црните рибизли.
Витамин А
По зимата, на телото му се навистина потребни витамини растворливи во масти, особено витамин А. Помага во одржување на состојбата на кожата и имунитетот. Прекурзорот (соединение кое учествува во хемиска реакција со која се произведува некое друго соединение) на витамин А – каротеноидот, го има во изобилство во морковот, тиквите и пиперките.
Но, не е доволно само да внесувате овошје и зеленчук. Витамин А има во голема количина и во црниот дроб од бакалар – во 100 гр. има 4 пати повеќе од препорачаната дневна доза. Оптималниот дневен внес изнесува 25 грама дневно.

Витамин Б
Витамините од групата Б помагаат во смирување на нервите, обновување на кожата и поттикнување на менталните активности. Повеќето витамини од групата Б се наоѓаат во говедскиот џигер. Оваа намирница е всушност витаминска „бомба“ бидејќи содржината на некои витамини од оваа група достигнуваат 100 отсто од препорачаната дневна доза.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















