Долгоочекуваниот дрес со кој македонската фудбалска репрезентација ќе настапува на Европското првенство ова лето и официјално е претставен!
Фудбалската федерација на Македонија утрово ги изненади фудбалерите и прво ним им го претстави дресот со кого ќе ги бранат боите на претстојниот континентален собир. Македонија со три дреса ќе отпатува на Европското првенство. Првиот дрес е во бордо боја, вториот е бел со жолто, третиот е во црна боја, додека сивата боја преовладува кај голманската гарнитура.
- Погледнете ги новите дизајни на дресовите на фудбалската репрезентација на Македонија:
Фудбалерите своето деби на континенталниот собир ќе го имаат на 13 јуни против Австрија во Букурешт. Три дена подоцна во романската престолнина ќе се сретнеме и со Украина, додека последното коло од групната фаза го играме во Амстердам, против домашната селекција на Холандија.











![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












