Откако брзиот тест на заменик министерот за надворешни работи на Бугарија, Петар Дојков дал позитивен резултат, Екатерина Захариева од денеска е во изолација, како и целата бугарска делегација.
Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева е во изолација додека се чекаат резулатите од нејзиниот ПЦР тест.
Захариева и Дојков пред два дена беа во Берлин на средба со македонските министри Никола Димитров и Бујар Османи. Поради тоа, од бугарското МНР по дипломатски пат ги известило делегациите на Македонија, како и на Германија.
Сите членови на бугарската делегација кои биле во Берлин на преговори се во изолација, а од бугарското Министерство за надворешни работи соопштија дека Захариева нема симптоми и се чувствува добро.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















