Судот гo одзеде пасошот на Лидија Димова

456

Кривичниот суд, по барање на Обвинителството, и го одзеде пасошот на разрешената директорка на Националната агенција Лидија Димова. Димова е осомничена дека направила штет на буџетот и ја злоупотребила слжбената положба.

Димова денеска беше изнесена на судија на претходна постапка.

Пред Димова кај судија на претохдна постапка притигна и нејзинот поранешен соработник Александар Гочев кој, пак, според обивнителството исто располагал со пари на агенцијата и сторил финансиска штета. И за двајцата судот освен пасошот се одлучи и за други мерки на претпазливост.

„Ценејќи ги фактите и причините поради кој е поднесен предлогот судија на претходна постапка донесе решенија со кои го уважи предлогот и на Л.Д. и А.Г. им одреди мерка – одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница, обврска за повремено јавување во судот, и забрана за вршење на одредени работни дејствија“, изјавија од Судот.

Денеска, управниот одбор треба да го предложи и избере и новиот вршител на должнота во Националната агенција за европско образование, за чие што работење истрага најави и европската комисија.