Повторно седна на светскиот престол: Кој е најбогатиот во светот?

130

Бил Гејтс, основачот на “Мајкрософт“ со „само“ една милијарда долари плус, го турна Џеф Безос,  шефот на „Амазон“ од престолот на најбогатите, според реномираниот Bloomber.

Токму пред крајот на оваа година, Гејтс се искачи на првото место. Инаку беше втор. Сега неговото вкупно богатство се проценува на 113 милијарди долари, една милијарда повеќе од Безос, кој има 112 милијарди долари. Двајцата се на самиот врв долги години, ама опасно им се приближува Бернар Арно од Франција, Претседател на групацијата  Louis Vuitton Moët Hennessy (LVMH), со богатство од 105 милијарди долари. Токму тој, светските бизнис аналитичари предвидуваат дека ќе биде најбогатиот човек на планетата во 2020 година.

 Ворен Бафет, американски бизнисмен, директор на осигурителното друштво Berkshire Hathaway е на четвртото место со 89 милијарди долари, а Марк Закерберг, основачот на „Фејсбук” е на петото место со  78.3 милијарди долари.

Листата на Bloomber содржи 500 милијардери ширум светот. „Најсиромашен“ меѓу нив е Abdullah Al Ghurair, бизнисмен од Обединетите Арапски Емирати, Претседател на банката Mashreqbank, со вкупно богатство од 4, 34 милијарди долари.

Еве ја комплетната листа на топ 10 најбогати во светот:

Ние немаме свој претставник на листата.