Заев: Јас ќе бидам премиер на владата на Република Северна Македонија- се менуваат имињата на министерствата, МАНУ, МРТ

959

Јас ќе бидам премиер на владата на Република Северна Македонија кога ќе се случат Уставните промени и нивната имлементација како што е опишано во Договорот, истакна премиерот Зоран Заев во емисијата „Само Вистина“.

Заев подвлече дека сите државни институции, според договорот, ќе ја додадат придавката „Северна“ во своето име.

Како пример, тој го посочи Министерството за здравство на Република Македонија кое ќе биде преименувано во Министерство за здравство на Република Северна Македонија.

Исто така, Заев посочи дека, името на Македонската академија на науките ќе се преименува во Академија на науките на Северна Македонија, како и името на Македонската радио телевизија ќе биде телевизија на Северна Македонија.