Една група на другари од Мексико кои се верни фанови на фудбал, годинава без двоумење го испланирале своето патување до Русија. Но, еден од нив ги откачил затоа што сопругата не го пуштила.
Како што сите вистински другари би направиле, ситуацијата не останала без сеир на негова сметка.
Наместо да го молат, едноставно си го испринтале во реална големина и сега каде и да одат го носат со нив. И најважното, го чекираат, да гледа што пропушта.
За кратко време неговата приказна стана атракција низ Москва: