Денеска забележан најголем дневен пораст во светот, на заразени од почетокот на пандемијата

769

Во последните 24 часа во светот се регистрирани 106.000 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е најголем дневен пораст на заразени од почетокот на пандемијата, соопшти денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Гебрејсус.

Според податоците кои ги изнесе тој, две третини од овие случаи се регистрирани во четири земји.

Според „Ворлдометар“, ширум светот досега се регистрирани повеќе од 5 милиони случаи на инфекција со коронавирус, а починале 326.000 луѓе заболени од Ковид-19.