Заев ги обвини „пранкерите“ дека разговорите се сечени, лепени и монтирани

996

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција рече дека во објавените разговори од страна на руските пранкери се вршени сериозни интервенци и се ставени во контекст кој не е автентичен, поради што се извлекуват невистинити заклучоци.

-Во еден дел на објавените телефонски разговори се извршени сериозни интервенци и се ставени во контекст кој не е автентичен, поради што се извлекуват невистинити заклучоци. Таков е објавениот дел за прашањето на Македонската православна црква, тоа е дел од разговорите во кој е направена интервенцијата. Таму јас единствено зборувам за мојата определба МПЦ да добие автокефалност, исто така никогаш не бил спорен ниту скриен мојот став со давање на конкретни придонеси и подршка на МПЦ дома и во странство, изјави на денешната прес конверенција премиерот Зоран Заев.