Подгответе си вечера со која ќе сте сити, а сепак ќе ослабете. Многу од нутриционистите советуваат дека никогаш не треба да си легнувате со празен стомак. Доколку заспиете гладни, многу е поголема веројатноста дека ќе се разбудите уште погладни и дека за доручек ќе изедете многу повеќе калории.

Вака изгледа идеална вечера
Оброкот се подготвува за 5 минути, а сигурно ќе ја поттикне работата на вашиот метаболизам, трошење калории и ќе влијае на вашето слабеење.
Состојки:
– 1 јајце; – 3 белки од јајце; – свеж власец; – 1 лажица магдонос; – 1 лажица босилок; – 1 лажица мајчина душица; – малку сол.
Оброкот подгответе го како класична кајгана. Овој оброк содржи доволно количина витамини и протеини, па брзо ќе ве засити, содржи само 200 калории.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















