омисијата изготвува свои протоколи и ги дава на министерот за здравство, а тој на Влада, а сите што не сакаат да разберат ние сме стручно советодавно тело на министерот, а не сме Влада и не носиме одлуки. Главниот кризен штаб ги носи одлуките, а јас сум од Институот за јавно здравје, а не од Центарот за јавно здравје. Граѓаните да ги почитуваат мерките, само со тоа ќе може да испливаме од оваа вода, а да не дозволиме сами да пресудуваме кога цела Европа ги применува истите мерки – додаде денеска д-р Жарко Караџовски , претседател на Комисијата за заразни болести
Тој рече дека верува дека 20 отсто од населението не не сфака озбилно мерките, а нагласи дека вирусот е ослабен – имаме помалку хоспитализирани пациенти и помалку на респиратор – на Инфективна клиника нема болни во тешка здравствена состојба овие три дена.
– Само тие што не биле на Инфективна клиника не знаат која е таа мачна атмосфера. Да сфатиме дека мерката за носење опрема и држење дистанца е основа која е во целиот свет. Да се здружиме сите и партиите на страна и политиката да стојат. Ние во Комисијата сме најголемите професионалци во државата, јас еве по четврти пат во Влада доажам, Венко ми е 13. министер досега , а сум бил член на сите комисии зазаразни болести. Пред да ме опањкавате во медиуми, цврст сум како куче- затоа ќе издржа – порача д-р Караџовски.
По ова се вжешти дискусијата помеѓу него и новинарите кои поставуваа прашања „он лајн“, а кои побараа покоректен однос од страна на претседателот на Комисијата, д-р Караџовски, а предмалку го запрашаа и дали се чувствува одговорен за порастот на бројот на заболени од ковид-19 и што сме ставени во групата небезбедни земји, како и дали ќе си поднесе оставка од членството во Комисијата.
Д-р Караџовски одговори дека него го поставил минстерот Филипче за претседател на Комисијата и тој може и да го смени.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

