Таа е плод на 5-минутен однос на скали“: Легендарниот шампион не сакал да ја признае ќерка си, но сличноста меѓу нив е неверојатна

741

Неодамна папарацо фотографите на една плажа на југот од Франција ја „уловиле“ младата Ана Ермакова додека лежерно шетала по плажата во минијатурно бикини и гордо го истакнувала своето затегнато тело.

Оваа млада дама ги привлекувала погледите благодарение на својот изглед, но исто така и по необичните црти на своето лице и интересната фризура.

Папарацо фотографите ја фотографирале и додека разменувала нежност со своето долгогодишно момче чиј идентитет не ѝ е познат на јавноста. Парот практично е неразделен од февруари 2019 година кога нивната љубов била откриена.

Оваа 21-годишна девојка со многу карактеристичен изглед сите ја познаваат во светот на моделингот, но таа за јавноста е поинтересна поради фактот чија ќерка е и какви околности ја следеле по нејзиното раѓање, а подоцна и растење.

Ана е ќерка на тениската легенда Борис Бекер и манекенката Ангела Ермакова, а самиот факт дека го носи мајчиното презиме укажува на одредени проблеми.

Имено, таа не се родила во брак, па дури ниту во цврста врска, туку Ангела забременила случајно во текот на петминутната афера со спортистот во некој лондонски ресторан. Во моментот на тој однос тој бил во брак со Барбара Фелтус која тогаш била бремена и го чекале второто дете со тенисерот.

Бекер за таа ситуација изјавил:

„Тоа ме стави на првите наместо на последните страници од весниците и ми го уништи бракот со Барбара иако тој веројатно секако ќе завршеше. Но, добив ќерка, прекрасна млада жена која ја сакам откако е родена. Се срамам поради начинот на кој сето тоа се случи и што растурив семејство. Мајката на Ана и јас станавме родители, а пред тоа не бевме ништо“, напишал Бекер во своите мемоари.

„Не знам дали тоалетот е подобро место, но ние тоа го направивме на скали. Медиумите пренесоа дека сме имале однос во тоалет. Но, тоа не беше афера, тоа беше однос од пет минути“, открил поранешниот тенисер.