За Исламските верници почнува Светиот месец Рамазан

90

Исламскиот свет, почнувајќи од денес (13 април, 2021) се одбележува Светиот месец на постот Рамазан.

Исто како и минатата година муслиманскиот месец на постот Рамазан ќе помине во сенката на епидемијата.

Намазите поради рестрикциите на сила, наместо во џамиите ќе се одвиваат дома.

Муслиманите припадници на исламската религија, за да ја добијат милоста на Севишниот, во текот на денот, од изгрејсонце до зајдисонце ќе постат.

По домовите ќе се подготвуваат ифтарски вечери на крајот на постот и сахури пред да почне дневниот пост.