Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа, од септември лани кога беше назначен на функцијата до 28 февруари годинава, само за 6 месеци, потрошил 22.794 евра за кафе и ручек во Министерството за земјоделство, односно во бифето „Концепт бар“, компанија за послужување кафе и храна што го доби тендерот од Владата, пишува порталот на албански јазик Шќип медиа.
– Од шест месеци кои имаат 180 дена, само 110 денови се работни, извадете ги викендите и празниците од септември до февруари, па така испаѓа дека министерството на Хоџа има трошоци за кафе и храна приближно 210 евра на ден, пишува порталот.
Ова се случува во период на „рационално трошење“ поради пандемијата на коронавирусот која трае повеќе од една година. И во период за кој министерот за антикорупција Љупчо Николовски вели дека на министрите и другите владини функционери „им се брои секоја чаша вода“.
Министерот Хоџа е од партијата Беса, пишува порталот, а овие податоци се добиени од буџетската транспарентност при Министерството за финансии, проект финансиран од УСАИД и ИРИ.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















