Ставен под контрола пожарот кој ја пеплоса Универзална сала (ВИДЕО)

209

Пожар избувна претпладнево во Универзалната сала во Скопје.

На Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на Булевар „Партизански Одреди“, во Скопје.

Пожарот е ставен под контрола.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека гори една од куполите на објектот и дека пожарникарите се на самото место и се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Засега нема информации што е причината за пожарот.

Во Универзална сала во тек беа работи за нејзино реновирање.


https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=476&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fkurir%2Fvideos%2F950975992941421%2F&show_text=false&width=267&t=0