Претседателот на Србија Александар Вучиќ е во добра здравствена состојба, велат од неговиот кабинет, откато во јавноста беше објавено дека позитивни на Ковид – 19 се собранискиот спикер Маја Гојковиќ, министерот за одбрана Александар Вулин и директорот на канцеларијата за Косово и Метохија Марко Ѓурич. Гојковиќ и Гуриќ веќе се хоспитализирани но здравствени власти велат дека и покрај запалението на белите дробови тие добро се чувствуваат.
Во Србија од денеска Крагуевац е ново жариште, каде бројот на заразени е шест пати повисок од претходниот ден. Од 252 тестирани, 62 биле позитивни, што е речиси една четвртина.
Според денешните податоци, во Србија има 1.197 активни случаи е, а на респиратори се 32 пациенти. Во изминатите пет денови во Србија има трицифрен пораст на новозаразени.
Седуммина студенти од Студентски град во Белград се заразени со Ковид-19, а присуство на вирус е потврдени и кај четири ученици од осмо одделение и двајца директори на училишта во Белград и Нови Пазар.
Денеска Босна и Херцеговина бележи 172 случаи на коронавирусот, ова е втор ден по ред со драстично висок број на заболени во однос на март.
Во Хрватска денеска се регистрирани 80 нови случаи, после највисокиот скок во четвртокот со 95 инфицирани. Тенисерот Горан Иванишевиќ е новиот позитивен на Ковид во кластерот на Новак Ѓоковиќ по тенискиот тирнир Адриа.
Во Црна Гора голем дел од туристичките агенции се затворени, но добрата вест велат е што од 1 јули тие ќе можат да патуваат во земјите на ЕУ. На прелиминарната листа, која треба да биде дефинирана до понеделник, покрај Црна Гора, стои и Србија, за Македонија неизвесноста останунва.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)



