Второлигаш му го расипа дебито од соништата на Де Роси за Бока (ВИДЕО)

29

Италијанската ѕвезда Даниеле Де Роси требаше да има деби од соништата за Бока јуниорс, но сето тоа му го расипа второлигашот Алмагро де Кордоба, откако успеа на пенали да го елиминира ергентинскиот великан по триумфот на пенали со 3-1 после 1-1 во регуларниот дел.

Де Роси на дебито даде гол за водство и сѐ изгледаше дека ќе има перфектен старт во дресот на славниот клуб на „Бомбоњера“. Погоди во 27-та минута, но девет минути пред крајот слдеше првиот шок, Мартинез израмни, а потоа на пенали Бока промаши три од четирите удари од белата точка. Само Карлос Тевез даде гол во првата серија, а потоа следеа утките на Мак Алистер, Хуртадо и Салвио, додека Алмагро погоди четирипати за голема радост на второлигашот.

loading...