Скоро извесно – Вардар без Дисингер на Пик Сегед

720

Скоро извесно дека Вардар нема да го има на располагање ракометарот кој заработи повреда по стравичниот пад на мечот со Загреб во СЕХА Гаспром финалето, кое Вардар го доби.

Првично беше најавено дека повредата не е така сериозна, но дека ќе биде извесен период за опоравување на Дисингер.

По враќањето на Дисингер во Скопје, беше најавено дека тој ќе одмара 3-4 недели и дека скоро сигурно нема да му биде на располагање на тренерот Парондо за првиот меч од двата меча против Пик Сегед во четвртфиналето во ЛШ.

Првиот меч се игра во Скопје кон крајот на месецов, но за реваншот кај Пик Сегед, од Вардар сакаат да веруваат дека ќе го имаат на располагање, со кој Вардар дополнително ќе добие на динамика во играта.

Но сепак, клучен меч за Вардар ќе биде оној на 25ти месецов во Скопје, каде ќе мора во „Јане Сандански“ да се обезбеди доволно голема предност пред реваншот.