Време е за соба која ќе ги зголеми вашите сексуални апетити: Еве за што станува збор?!

1099

Преуредете ја својата соба, така што ќе ја направиме вистинска оаза за сексот. Не е потребно посебно трошење, доволно е да го направите ова.

Фрлете ги непотребните работи

Многумина прават грешка и од креветот ги отстрануваат перниците, а место ставаат плишани играчки, меѓу кои сексот едноставно не е пријатен, а секој интимен момент е нарушен. Отстранете ги сите непотребни и резервни работи кои би можеле да ви го убијат секси расположението.

Запалете ја атмосферата

Осветлувањето е уште еден сексуален божји дар, а сите често го занемаруваат. Темнината е непријатна, затоа размислете за мали амбиентални лампи или свеќички кои заедничките моменти ќе ви ги направат уште поромантични. Не е лошо да имате и лампа со дозер со чија помош ќе го регулирате светлото во собата, но секако, ништо не е поромантично од свеќа, особено ако се со некој опоен мирис.

Волшебни мириси

Ако не живеете со своето момче, туку само повремено разменувате нежности, кога ќе дојде кај вас, искористете го волшебниот момент на вашиот парфем. Ставете го на неговата перница, и така осигурајте се дека и во соништата ќе бидете со него. Собата исполнете ја со мирисни масла, свеќи и стапчиња или букет од најдраги цвеќа. Секако пробајте.

Извор:taratur.mk