Жерард Пике доби поштеда од Ернесто Валверде за натпреварот со Виљареал и цел натпревар го помина на клупата за резервни играчи на Ел Мадригал.
Но, тоа не му пречеше да направи инцидент пред крајот, кога резултатот беше 4-2 за домашниот тим. Алваро Гонзалес доби црвен картон за груб старт, а на патот кон соблекувалната беше пречекан од Пике кој имаше што да му каже.
Поддржан од домашната публика, Гонзалес му врати и малку недостасуваше да дојде до физичка пресметка. Двајцата си имаат нерасчистени сметки уште од времето кога Гонзалес беше член на Еспањол.














![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)




















