По вечерашната седница на Претседателството на ВРЕДИ, донесена е одлука претставници на коалицијата во Владата да бидат личности кои носат нова енергија, одговорност и посветеност во служба на граѓаните.
За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Џетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани.
Во новиот владин состав продолжуваат да ги извршуваат своите функции Беким Сали како прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши како министер за економија и труд, како и Мухамет Хоџа како министер за животна средина и просторно планирање.
ВРЕДИ решително продолжува по патот на промените, носејќи нова енергија, професионални кадри и одговорен пристап кон владеењето.
Со овој тим, ВЛЕН повторно ја потврдува својата посветеност на реформите, развојот и достоинственото застапување на интересите на граѓаните.















![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)





















