“Врати ми се, се плашам да умрам сам”: Велат дека спиел со илјадници жени, но таа потполно го “скршила”

0
455

Џон Џозеф Николсон денеска полни 82 години, иако тој не поседува документ за неговото раѓање. Во биографијата пишува дека се родил на 22-ри април 1937 година, но нема конкретни докази за истото.

Актерот пораснал мислејќи дека неговата баба Етел му е всушност мајка, пред да дознае дека е роден од Џун, за која мислел дека е негова постара сестра. Вистината пред јавноста ја обелоденила Лорејн, сестрата на Џек, но тој одбивал да направи ДНК анализа дури и кога неговиот биолошки татко го барал тоа од него. Џун починала во 1963 година, на 44-годишна возраст.

Необичното детство прераснало во бунтовна младост исполнета со пороци. За среќа, талентот бил посилен од сè па така Николсон денес е повеќекратен Оскаровец и рекордер по број на номинации за наградата на Американската академија за филмски уметности.

Џек толку се забавувал во текот на младоста, што Кит Ричардс, гитаристот на легендарните Ролинг Стоунс честпати го оставал сам на журките бидејќи не можел да го следи неговото темпо на живот. Од друга страна, бил неверојатно професионален, па по бурните ноќи навреме се појавувал “на работа”.

Во врска со љубовниот живот, легендата вели дека актерот спиел со неколку илјади жени. Бил во брак со Сандра Најт со која ја добил ќерката Џенифер, но бракот завршил поради неговите пороци. Потоа се забавувал со Сузан Анспач, а од таа врска го добил синот Кејлеб кој не сакал да го признае, но наводно го плаќал неговото школување.

Мишел Филипс не била имуна на неговиот шарм, а Лорен Хатон, Аполонија ван Равенштејн и Зузу се забавувале со него во познатото “Студио 54” во Њујорк. Помеѓу останатите жени кои се поврзуваат со Николсон се и Феј Данавеј, Кендис Берген, Вини Холман (со која ја има ќерката Хана), Карен Мајо-Чендлер, Ребека Брусард, Џули Делпи, Мерил Стрип, Вероника Картврајт, Аманда де Каденет, Амбер Смит…

Но, една жена потполно го освоила неговото срце – актерката Анџелика Хјустон.

Тој ја познавал од малечка, а се вљубил во неа кога имала 21 година. Со ќерката на режисерот Џон Хјустон, Ник бил заедно 18 години, а сведоци на нивната љубов се ќерката Џенифер и сестрата на Анџелика, Алегра, кои живееле заедно со нив.

Врската ја прекинала Анџелика, која го оставила Џек за Рајан О’Нил. Набрзо по нивното раскинување, актерот им се вратил на пороците, а лекот за скршеното срце го барал во скијањето, далеку од Холивуд. Некој период по нивната прва разделба, се случил голем скандал токму во холивудскиот дом на Николсон, каде Роман Полански силувал девојче. Сведок на страшниот настан била токму Анџелика која во моментот на злочинот дошла во вилата за да си ги земе своите работи. Поради запленетата дрога во раскошната куќа на Џек, полицијата ја уапсила и Анџелика, но потоа било утврдено дека таа немала никаква врска со наркотиците.

Иако се смирила со Николсон, таа повторно го оставила поради неговата врска со Карен Мајо-Чендлер, која во интервју за “Плејбој” раскажала дека “Николсон се шетал во сини сатенски боксерки во спалната соба, а правел пауза од секс само за да јаде сендвич со путер од кикирики”.

Иако многуте врски на Џек ги оддалечил двајцата актери, тие останале во контакт, но таа веројатно останала и во неговото срце.

“Врати ми се, се плашам да умрам сам”, ѝ порачал Џек на Анџелика пред две години додека се борел со депресијата. Тој не ја заборавил неа, но дали таа го заборавила него? Можеби ќе му даде уште една шанса…

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here