Францускиот премиер Едуард Филип наскоро ќе најави укинување на зголемувањето на даноците на горивото, наведува “AFP”, повикувајќи се на изворите од владата.
Француската влада официјално го откажала состанокот со претставниците на “жолтите елеци” закажан за денес.
Суспензијата на одлуката за зголемување на данокот на горивото би требало да биде на сила неколку месеци и би требало да ја следат и други мерки со цел смирување на ситуацијата.
Шефот на владата би требало да ја соопшти одлуката од вчерашниот состанок во Елисејската палата со претседателот на Франција, Емануел Макрон, пред пратениците на Франција во движењето во Парламентот, рекле неименувани владини извори.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, неколку пати рекол дека нема да попушти пред барањата на демонстрантите, но вчера владата сигнализирала дека е подготвена да направи некои компромиси. Исто така, тој одржал итен состанок во службата за безбедност.
Најмалку три лица настрадале, а стотици биле повредени од 17-ти ноември, кога започнал протестот на “Жолтите елеци” во Франција.
Француските работници вработени во Итна помош се приклучиле на атинвладините протести, додека францускиот премиер Едуард Филип се состанал со политичките ривали во обид да го намали бесот на граѓаните.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



