Комичарот Володимир Зеленски победи во вториот круг на претседателските избори во Украина.
Според резултатите кои беа објавени доцна синоќа, 41-годишниот Зеленски оствари убедлива победа против актуелниот претседател Петро Порошенко, освојувајќи дури 73% од гласовите.
„Се уште не сум официјално претседател, но како украински граѓанин можам на сите држави од поранешниот Советски сојуз да им порачам да не погледнат. Ова заедно го постигнавме. Се е можно“, порача Зеленски синоќа.
Зеленски кој глуми лик на претседател во една од најпопуларните телевизиски серии во Украина и во првиот круг од изборите оствари убедлива победа. Тој го искористи анти-естабилишментското расположение во Украина, водејќи една необична кампања со шеги, комичарски настапи и смешни објави на социјалните мрежи на кои има милиони следбеници.

Зеленски во кампањата вети дека ќе ја задржи про-западната ориентација на Украина и ги уверуваше инвеститорите дека ќе спроведе реформи, ќе се бори против корупцијата и ќе се придржува до условите на ММФ.
Доцна синоќа актуелниот претседател Петро Порошенко ја признна победата на Зеленски. Порошенко претседателската должност ќе му ја предаде на својот наследник идниот месец, но порача дека нема да се повлече од политиката.










![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











