Во Истра од полноќ е во сила рестрикција на вода од прв степен – односно забрана за користење на вода за пиење за миење возила, улици, плоштади, јавни и приватни површини, јавни зелени површини, како и за туширање на плажи и базени, со исклучок на пазарите и во рибарниците.
Мерката е донесена поради неповолната хидролошката состојба на подрачјето на Истра, а во услови кога се очекува продолжен сушен период.
Истарскиот жупан Борис Милетиќ ги повика граѓаните, деловните субјекти и туристите рационално да ја трошат водата за пиење за властите да не бидат принудени на уште порестриктивни мерки, а со цел граѓаните и гостите во Истра постојано да имат вода за пиење.
Метеоролозите најавуваат дека Хрватска неделава ќе ја зафати нов топлотен бран, со продолжен сушен период.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















