Вонредни вести: Авион се распаѓал насред лет, делови од леталото паѓале на возила и луѓе во Рим

1865

На снимките се гледаат скршени прозори од автомобили, а некои граѓани тврдат дека парчиња железо паѓале на нив.

Норвешкиот “Boeing 787” претрпел дефект на моторот насред лет, што довело до тоа фрагменти да паѓаат од авионот и да кршат прозори од автомобили во римското предградие Фјумичино. Инцидентот се случил во саботата, непосредно по полетувањето од аеродромот Леонардо Да Винчи во престолнината на Италија.

“Слушнавме врисок, а тогаш нешто како звук на ветер, како удар на гром од ведро небо. Сфативме дека насекаде има парчиња железо. Парчињата ни ги оштетија автомобилите, тендите и многу други работи. Парчињата железо беа многу жешки”, објаснил жител на Фјумичино.

Друг жител тврди дека парче од авионот паднало на него и го удрило од страна.

На снимките се гледаат фрагменти од авионот, дупки и пукнатини на прозорите од автомобилите кои биле направени од парчињата железо.

Инцидентот го истражуваат локалните власти, а од компанијата “Norvegian Air” се уште не се огласиле.

Повеќе фотографии можете да видите тука.